Eastern Spirit Garage, е Полска работилница која прави custom и handmade мотори. Овој пат за свој проект имаат Yamaha XS650 Special, кој од компанијата бил претставен во 1978 година, а се произведувал до 1985 година.

Нивната работа започна со соголување на XS650 на моделот, отстранување на задниот дел од рамката и производство на сопствен. Лебдечкото седиште е исто така целосно рачно изработено. Моторот поседува рачно изработен елегантен систем на суспензија кој користи „mountain bike” амортизери.

Тркалата се заменети со тјунирани 16-ки кои се оригинално произведени на Harley-Davidson Fat Boy, резервоарот е модифициран од Yamaha Virago. Перфорираните дискови на сопирачките одлично се вклопуваат во темата на моторот, додека сигналните светла се паметно интегрирани во рамката.

Резервоарот е обоен во црна боја, со суптилна златна лента како единствен акцентен дел. Овој мотор нема прекумерно брендирање, а успехот на оваа работилница главно се заснова на острото око на Силвестер, сопственикот на работилницата, и неверојатната можност да создаде совршена силуета.