Јапонскиот производител на мотори – Yamaha на EICMA се претстави со три нови мотоцикли. Станува збор за TMAX 560, Tracer 700, како и за Tricity 300

Изненадување е тоа што моделот TMAX ја доби до сега најмоќната верзија и тоа со највисокиот Euro 5 стандард. Овој модел на саемот беше најавен дека ќе се продава по цена од 11.999 евра, додека за TechMAX, подобрата верзија, ќе треба да одвоите 13.799 евра.

Новиот Traer 700 е исто така освежен за 2020 година. Овој модел добива комплетно нов изглед и подобрени агрегати. Дополнитено на тоа, отсега моделот ќе има и прилагодлива суспензија, нова LCD инструмент табла и резервоар со одлични 17 литри капацитет.

Најмалиот меѓу новитетите е Tricity 300. Технологијата и агрегатот на овој модел се исти како и до сега. Станува збор за едноцилиндерскиот SOHC Blue Core погон, со зафатнина од 292 кубни сантиметри и 28 коњски сили. Yamaha е горда на овој мал мотоцикл, затоа што во поразвиените земји се вози со B категорија.