Кон целта за безжични домови компанијата Xiaomi ја откри својата технологија во развој наречена „Mi Air Charge Technology“. Како што и името посочува станува збор за далечинско полнење на електронски уреди без кабли или држачи. Оваа иновација на Xiaomi е насочена кон принципите на позиционирање во просторот и пренос на енергија, притоа вградени петфазни антени прецизно откривајќи ја локацијата на уредите.

Во моментов технологијата е способна за 5-ватно далечинско полнење на повеќе уреди во радиус од неколку метри, без оглед на физичките пречки. Xiaomi се надева дека оваа можност ќе еволуира при што ќе се создадат услови да паметните домови можат да напојуваат повеќе уреди безжично, преку воздух.