Xbox Series X треба да биде една неверојатна конзола. Тековната глобална здравствена криза ја нарушува испораката на веќе најавените производи а воедно го кочи лансирањето на нови. Според прогнозите новата генерација на Xbox ќе ја дочекаме во ноември 2020. До тогаш сме во исчекување, проверка и споредба на спецификациите.

Прогнозите велат дека цената на оваа конзола би била од 450 до 600 фунти, сепак со премногу ниска цена, Microsoft ризикува да изгуби пари, додека со превисока би ги отворил вратите на пазарот за PS5. Најверојатно за да се задоволат сите потрошувачи ќе биде лансирана буџет и премиум верзија на конзолата.

Xbox Series X

Microsoft тежнее кон идејата за конзола како мулти-генерациска платформа, па поради тоа ако играта е ексклузивна за Xbox Series X таа ќе може да се игра и на Xbox One. Игрите ќе може да се играат во 8K резолуција, а исто така оваа конзола може да пружи графичка моќ од 12 Teraflop (floating point operations- единица за мерење на графичката моќ).

Што се однесува до звукот, Xbox Series X има „audio ray tracing”, посебен аудио чип кој создава усмерен звук. Функцијата Quick Resume ви овозможува паузирање и продолжување на повеќе игри, на пример ако вчера сте играле една игра и сте ја паузирале а денес играте друга, истата можете да ја паузирате и да ја доиграте таа од вчера.

Димензиите на оваа конзола изненадуваат, ширина 15.25 cm (6 inch), длабочина 15.25 cm (6 inch) и висина 30.48 cm (12 inch), едноставниот црн обелиск има дизајн на кутија, процесот на ладење го врши еден вентилатор сместен на површината на конзолата.