Ако пријавата за патент поднесена од Microsoft на 9 јули 2019 година се претвори во физички уред, тогаш Xbox гејмерите ќе можат да уживаат во едно поинакво искуство. Според апликацијата за патент, новиот Xbox уред всушност ќе бидат рачки кои ќе се прикачуваат на постоечки уред, како смартфон.

Сеуште не е јасно дали конзолата би играла игри од вашиот мобилен телефон или пак наслови од Xbox Live. Сликите покажуваат контролер кој се дели на две половини, кои се прицврстуваат на едната и на другата страна на телефонот, претворајќи го во рачна конзола за игри.

Xbox

Xbox Cloud, како што е името на уредот доаѓа со вградени стерео звучници и приклучок за слушалки за целосното аудио доживување. Што се однесува до батериите, контролорот ќе има независни батерии кои се отстрануваат и посебен приклучок за полнење.

Бидејќи компаниите често аплицираат за патенти кои никогаш не стануваат вистински производи, единствено ни преостанува да видиме дали овој проект ќе стане производ.