Sanlorenzo S.p.a. еден од водечките светски производители на јахти, го претстави своето најново достигнување, 44 метарска суперјахта наречена X-Space. Оваа суперјахта се карактеризира со елегантен екстериер дизајниран од Zuccon International Project, кои како инспирација ја имале транспаренстноста, поради што користеле стакло. Ентериерот е дело на Пјетро Лисони, кој ја продолжува идејата во внатрешноста.

Иако транспарентноста е главниот водич на дизајнот, сепак се посветува доста на приватноста. Тука спаѓа луксузниот „стан“ комплетирана со главна спална соба, дневна и работна соба, и која и покрај тоа што е направена од стакло обезбедува голема приватност. Од оваа страна се наоѓа и тераса со базен. Според луѓето кои стојат позади овој проект, X-Space е создаден за луксуз, за луѓе кои поминуваат многу време на брод, со желба да не се создаде прекрасна лебдечка структура, туку да се создаде прекрасно место за живот.