Xupermask, е нова футуристичка маска дизајнирана од Will.i.am. Оваа маска комбинира повеќе работи, па така сем што е маска која ве штити таа има и интегрирани слушалки со Bluetooth. Xupermask е составен од HEPA филтри кои обезбедуваат вдишаниот воздух да биде што е можно чист. Исто така, доаѓа со слушалки со Bluetooth и LED светла што светат во мракот. Овој дизајн кој дава изглед на суперхерој има многу функционалности кои би им помогнале на луѓето. Xupermask доаѓа со филтри за три месеци, а слушалките покрај тоа што овозможуваат слушање на музика, овозможуваат и одговарање на повици. Цената на овој гаџет изнесува 299 американски долари.