Во обид да ги остави рибите таму каде што припаѓаат и да не се нарушува нивниот еко систем, калифорниската старт-ап компанија Wildtype се осврна кон таканаречено „клеточно земјоделство“. Оваа компанија почна со развој на лосос во лабараторија. Wildtype е во мисија да создаде „најчиста, најодржлива морска храна на планетата“ – почнувајќи од лосос.
Преку „клеточно земјоделство“, се создаваат парчиња лосос на начин со кој се зголемуваат клетки од пацифички лосос во биореактори, каде што се програмирани да се организираат и созреваат на ист начин како што тоа се прави во рибите. Арие Елфенбајн, кардиолог и ко-основач на Wildtype, е човекот одговорен за механизацијата.
Според компанијата овој лосос ќе биде поздрав за луѓето бидејќи нема да содржи микропластика, жива или паразити, во исто време ќе биде и подобар за планетата, бидејќи ќе се произведува во затворени системи. Во моментов единствената разлика меѓу вистинскиот лосос и овој на Wildtype е во нивото на протеини. Односно Wildtype лососот содржи исто ниво на масни киселини, но помало количество на протеини. Вкусот е ист и исто така исто е стабилен на термичка обработка.