Ако после сите случувања и изолации ви треба убавина, простор, пространство, тогаш треба да размислите за луксузните кампови на Антарктикот, White Desert, кои нудат престој од крајот на 2020 година. White Desert е првата компанија во светот што нуди луксузен приватен авион сервис на Антарктикот, каде гостите би се сместиле во луксузниот White Desert Whichaway Camp или во новиот Wolf’s Fang Camp.

Оваа компанија го нуди единствениот луксузен престој на Антарктикот во високо технолошки и еколошки објекти. Новиот објект е истражувачки и се наоѓа во близина на Whichaway пистата, со планини во позадина кои нудат драматичен и величествен контраст. За да биде уште поатрактивно се нудат и активности како пешачење, планинарење, ски експедиции со преноќување, излети со масивни, планински велосипеди.

Whichaway Camp е основан во 2010 година и се наоѓа на ридот Ширмахер кое е дом на повеќе од 100 езера. Условите за било какви активности се добри поради релативно благата клима според стандардите на Антарктикот, каде дневните температури се движат од -5 степени Целзиусови. Овој вид на патување е наменето за луѓе кои сакаат да осознаат нови работи, да го доживеат Антарктикот, авантура, да видат како функционира еден еко-систем и да ја види иновативноста во целиот проект.