Кога е во прашање допишувањето, WhatsApp е една од најупотребуваните апликации. Но, неодамна стигна веста дека ќе биде недостапна за многштво телефони.
Ова конкретно се однесува на старите верзии на телефони. Уредите кои користат iOS8 оперативен систем или постари верзии, нема да можат да користат WhatsApp. Што се однесува до корисниците на Android,ова важи за оние со оперативен систем 2.3.3 или постара верзија.
Од Facebook образложуваат дека причина за ова е поголемата заштита на податоци и контрола на приватноста на корисниците. Утврдено е дека преку старите телефони, многу полесно се крадат податоците.