Најавата за третата сезона на Westworld е многу поинаква од која било друга најава или било што врзано со претходните две сезони.

Она што наликува на реклама за екстремно развиена технолошка компанија по име Incite, е всушност најавата за третата сезона на Westworld. Серијата во продукција на HBO која навистина доживеа голем успех од своето појавување, сега ја најави третата сезона, но на неа нема ниту трага ни глас од Арон Пол, Еван Рејчел Вуд или Ед Харис. 

Наместо тоа, тука е Џеферсон Мејс во улога на спикерот Лиам Демси кој објаснува дека светот е комплексен, комплициран и неуреден, но тоа не значи дека и животот мора да биде таков. Дали Westworld 3 ќе биде фокусирана на средина каде технологијата ќе преземе контрола, останува да видиме некаде кон средината на 2020.