Walkman-от замина во историјата како резултат на брзиот напред на технологијата. Но, и покрај тоа, останува еден од најуспешните уреди кои компанијата Sony некогаш ви произвела. 

По повод 40 роденден на легендарниот уред, Sony во екот на носталгијата го враќа Walkman, но во многу понапредна форма како што заслужува. 

Sony Walkman

Секако, не се работи за класичен уред кој користи аудиокасети, туку за современ плеер, кој има екран и може да емитува музика, користејќи WiFi. Посветата на класичниот уред е посебното лого, кое изгледа идентично како оригиналниот TPS-L2 Walkman. Накратко, се работи за нешто помодерна верзија на ајпод. Многумина се прашуваат зошто некој би купувал ајпод во време кога истата функција ( а и многу други) има дури и најслабиот паметен телефон. Sony очигледно претпоставува дека носталгијата е доволен поттик за купување. Она што малку потешко ќе им успее е да привлечат голем број купувачи со налудничаво високата цена од 830 евра за NW-ZX507 со меморија од 64 GB или 300 евра за NW-A100TPS од 16 GB.

Sony одлучи да ги привлече купувачите со уште неколку интересни елементи, како што е дигитален засилувач, кој музиката ја „надградува“ со многу повисока резолуција, поддршка за LDAC – аудио безжична мрежа, процесор за винили и импресивна батерија која трае 26 часа. Но дали е тоа доволно за цена од 800 евра? Би требало да се споменат и слушалките WH-H910N, кои се уште едни во долгата низа одлични слушалки на Sony, кои успешно ја намалуваат вревата околу вас, додека со технологијата Dual Noise Sensor, дополнително се подобрува квалитетот на слушање.

Продажбата ќе започне во декември оваа година.