Фановите на зомби авантурата Walking Dead можат да уживаат во апокалиптичните сцени со чисто бурбон виски.
Култната серија инспирирана од стриповите Walking Dead во соработка со гигантскиот производител на алкохол Diageo создадоа интересен бурбон. Партнерството го нарекоа Spirits of the Apocalypse, а вискито го носи името The Walking Dead Kentucky Straight Bourbon Whiskey.
Што се однесува до вкусот, од Diageo изјавуваат дека станува збор за класично виски со арома на ориз и ванила. Може да се почувствуваат и ноти на карамела. Го препорачуваат во комбинација со лимонада, чај од праска и парчиња свежа праска. Цената изнесува 34.99 долари за шише од 750 мл.