Германскката компанија ги откри првите официјални фотографии од својот бестселер. Volkswagen Golf 8 денес ќе ја доживее светската и официјална премиера.
Новиот Golf 8 се враќа со препознатливиот надворешен изглед, кој претрпува одредени промени на ревидираните светлосни уреди, помала решетка, поостри линии.
Кога станува збор за промените, тука е и акцентот ставен на минимализмот во дизајнот, што го прави ова возило уште попривлечно за оние со истанчен вкус. Благодарение на минимализмот, обезбедува максимална практичност, прегледност и функционалност. Нова е и централната табла, управувачот и дигиралниот инструмент кластер.
Осмата генерација на VW Golf, може да се пофали со бензински и дизел единици, plug in хибридна верзија, а може да очекуваме и CNG изведба.
Премиерата на новиот VW Golf 8 е закажана за 18.30 денес, а откривањето во живо може да го следите на линкот во продолжение:
Повеќе детали ќе можете да прочитате на Авто Плус.