Контроверзно телевизиско појавување… Одговорни за иницирање на панк движењето во Велика Британија… Едни од највлијателните личности во историјата на популарната музика… Dr Martens, брендот за обувки и облека, синоним на младешката бунтовност ја прославува својата 60 годишнина со нова соработка со Sex Pistols.

Колекцијата Dr Martens & Sex Pistols е комбинација од ниските 1461 и 1460 чизмите кои се покриен со црно-бела графика. Оксфордките 1461, се целосно покриени со наслови од весници кои го наведуваат контроверзното појавување на групата во шоуто на Бил Грунди, каде што бендот ја шокираше нацијата.

Овие чевли доаѓаат со црни „ушици” и црн ѓон со натпис „AirWair”. На високите чизми отскокнува натписот „GOD SAVE THE QUEEN” на предниот дел од чизмите, „ANARCHY” на задниот дел и белите шевови. Лансирањето е закажано за 11-ти Април.