Време е за шопинг. Нов додаток за вашата гардероба или стилски подарок, можете да изберете од широкиот спектар на модни брендови. Најбитно за купување на дизајнерско парче е да внимавате од каде го купувате, од каков материјал е парчето кое го купувате и секако големината за која ви се потребни точни мерки. Еве ја нашата листа на врвни модни брендови за мажи:

Dolce & Gabbana: основана во Италија во 1985 година од Доменико Долче и Стефано Габана, двајца модни дизајнери кои се запознале во 1980 година. Започнуваат со работа со трико, облека за пливање и долна облека, за на крајот го прошират својот асортиман на облека. Нивната прва машка колекција дебитирапе во 1992 година и оттогаш тие продолжуваат со проширувањето на модните производи. Dolce & Gabbana е познат по својот светкав стили мешање на врвен крој со љубов кон уличната облека и смелите отпечатоци.

Celine: основана е во 1945 година во Франција од дизајнерката Селин Випиана. Откако Хеди Слиман влегува во куќата како креативен директор се менуваат одразите на облеката во согласност со тековните трендови. Слиман лансираше машка облека за модната куќа со визија за мажи верни на традиционалното кроење со витка силуета и рокенрол-став. Celine има изразито модерен изглед за својата широка палета производи, вклучувајќи јакни, панталони, капи, чанти и слично.

 

Giorgio Armani: брендот што треба да го барате ако сакате современ, но класичен изглед со доза на софистицираност. Основана од Џорџо Армани во 1975 година, овој моден бренд е еден од модните брендови што заработуваат најмногу. Има доста впечатливо лого на орел кој гледа на десната страна, што би значело на вистинската страна.

Gucci: сега во сопственост на Kering, Гучи е еден од највлијателните и лесно препознатливи брендови на дваесет и првиот век. Основана е во Италија во 1921 година од сега починатиот Гучио Гучи. Неговото достигнување на слава започна во 1999 година кога беше купено од францускиот конгломерат за подоцна да се искачи на врвот во текот на 2010. Брендот има широк асортиман на артикли од кој би можеле да се изненадите.

Versace: основана во 1978 година од страна на Џани Версаче, овој бренд е светла и алтернативна форма на мода која сигурно ќе ви помогне доколку сакате да оставите впечаток со стил или сте доста смели. Брендот е познат по своето лого, глава на Медуза, лик од грчката митологија, инспирирано од урнатините во областа Reggio Calabria, место каде браќата си играле како деца.

 

Prada: основана во 1913 година во Италија од Марио Прада, овој бренд е моментално препознатлив по своите кожни чанти. Сепак модниот асортиман не е ограничен само на тоа, туку нуди широка палета на производи. Компанијата е позната по своите луксузни дизајни со чист, но скап изглед. Креативната страна на овој бренд е управувана од Миучија Прада и Раф Симонс.

 

Saint Laurent: дебитираше во 1961 година, под свое име но во сопственост на L’Oreal. Брендот има привлечно златно лого со буквите Y, S и L вертикално испреплетени. Добро познат по својот стил кој вклучува дизајн од 90-тите со трендовски модерен дизајн, што резултира во облека со уникатност. Во 2012 година, како креативен директор, Хеди Слиман го смени брендот за облека и додатоци со наклонетоста кон стилот на гламур во рокенролот. Неговиот наследник, Ентони Вакарело, му донесе одличен статус на брендот, зголемувајќи ги приходите во првата година за 25,3 проценти.

Balenciaga: основана во 1917 година од Кристобал Баленсијага. Позната по своите модерни дизајни, кои ги рефлектираат моменталните трендови и нејзините стилски чевли кои многу ги посакуваат. Креативен директор е Демна Гвасалија, грузиска модна дизајнерка специјализирана за „улични“ јакни и модерна широка облека.

Dior Men: Dior Homme, или Dior Men е поделба специлијаризирана за машка облека. Изразен моден стил, кој се карактеризира со нивното лого што се повторува, кое на крајот исчезнува. За разлика од некои други високо-модни брендови кои претпочитаат монохроматски принт, овој не се двоуми да додаде живописни нијанси во своите колекции. Ким Џоунс е креативниот директор кој стои позади брендот кој е познат како човекот виновен за дизајните на облеката на познатиот BTS за нивната светска турнеја.

Louis Vuitton: висококвалитетна француска модна компанија основана од Луј Витон во 1854 година, што ја прави една од најстарите модни компании. Денес, тие се добро познати по своите висококвалитетни чанти, но обезбедуваат и машка „ready-to-wear“ облека. Со Вирџил Аблох како креативен директор на брендот, Louis Vuitton, го додаде лежерниот „уличен“ стил во својата архива.

Hermès: познат по своите прекрасно дизајнирани и елегантни чанти и додатоци, овој луксузен моден бренд со седиште во Франција основана во 1837 година од Тиери Хермес, Германец-Французин, првично го започнал својот бизнис ремени. Вероник Ничанијан е актуелен уметнички директор, која веруав во креативноста и дизајнот и е ѕвездата зад единствената естетика на Hermès.

Dsquared2: близнаците Ден и Дин Катеначи, канадски дизајнери, се основачи на брендот лансиран во 1995 година. Тие оставија свој белег со својата стилски дизајнирана облека што изгледа истовремено модерно и моќно.

Ermenegildo Zegna: основана во 1910 година во Италија, е бренд кој нуди нешто минималистичко и директно. Бренд кој одговара за тие кои не сакаат да отскокнуваат и се истакнуваат.

Zegna