Џинс, маици, јакни….се ова го доловува духот на сезоната, а колекцијата пролет/лето 2019 на брендовите Levi’s, Superdry и Replay ни овозможуваат да уживаме во долгото и топло лето кое ни доаѓа.

Уметничкиот микс на современоста и автентичната естетика на Levi’s ги оживува класичниот американски стил и лежерност. Фармерки кои станаа најпрепознатливото парче облека во светот, продолжува да расне со пионерски и иновативен дух.

Свежиот и иновативен микс на разновидни интернационални влијанија во колекцијата пролет/лето 2019 на Superdry не носи на разиграно и разнобојно патување околу светот. Парчиња со чист и едноставен дизајн, каде доминираат риги, додатоци во форма на цветови, интересен контраст на спортско-морнарска инспирација, пастелни бои, интересни тексас парчиња, војнички принтови се дел од карактеристиките на машката колекцијата Cote D’Azur, Big Sur, Skate Lux на брендот Superdry.

Во машката колекција на Replay преовладува црната боја, маички со рок принтови, специфични боења на џинсот, облека со спортски елементи како и бомбер јакни. Сите овие колекции направени од висококвалитетни материјали овозможуваат ефект на свежина и стил дури и во најтоплите денови.