Вежбањето може да предизвика вистинска зависност. Еднаш кога ќе почнете навистина е тешко да престанете. Луѓето посветуваат повеќе години на здрава храна, секојдневно вежбање, едноставно живеат здрав и активен животен стил.
Но како и секоја навика, заради одредена повреда или здравствен проблем, одмор, работни обврски или недостаток на мотивација може да се случи да се прекине тој начин на живот. Едноставно се случува…
Баш овој период, после одмори верувам дека многу од вас се соочуваат со овој проблем. Како да се вратите во форма? Добро е да имате во предвид дека ќе ви треба време за да си ја вратите енергијата, силата и изгледот на телото. Добра вест за оние кои претходно вежбале е дека мускулите паметат!
Наједноставно кажано, меморијата на мускулот е способност на телото да ги активира мускулните влакна брзо и ефикасно благодарение на тоа што во минатото одредено движење, активност било многу пати повторено. Ќе ви бидат потребни неколку тренинзи за да ги почувствувате вежбите како порано, но сте во голема предност во однос на почетниците. Има и друг аспект на меморијата на мускулот – ако еднаш била изградена поголема мускулна маса, мускулите брзо ќе се вратат во таа големина и покрај излегувањето од форма.
Со каков тренинг најлесно ќе се вратите во форма?
Мој предлог е тренинг во три фази. Фазите треба да бидат во траење од 4 недели. Тренинзите се изведуваат 3 пати неделно. Потрудете се да изведувате максимум повторувања (колку што се наведени во тренингот) со максимална тежина. Паузата меѓу серии треба да биде 90 секунди, а меѓу вежби 3 минути. Со овој интензитет тренингот треба да трае околу 1 час.
Во првата фаза телото треба да се врати во тренинг. Составена е од полесни вежби, повеќе повторувања со цел да се зголеми мускулната маса благодарение на мускулната меморија.
Втората фаза е составена од потешки вежби, често комплексни (како згибови и пропаѓање) и просечен број на повторувања.
Третата фаза се состои од потешки и посложени вежби, како изведување згибови и пропаѓања со оптеретување, се изведуваат помалку повторувања заради тежината, со цел зголемување на силата.