Сигурно веќе знаете дека костумите се едно од најважните остварувања во историјата на модата. Бидејќи на повеќето луѓе им е потребен костум за работа, изборот да се облече еден воопшто, се однесува повеќе на стилот отколку на кодовите за облекување. И тоа значи опции: повеќе парчиња, повеќе ткаенини, повеќе модели од кога било. Водечкиот нов бран на преиспитување на кроењето е костумот во ребрасто кадифе.
Некогаш уморна униформа на уморните академици, на оваа порано заборавена ткаенина деновиве и се дава нов на живот. Иако не постои ниту еден момент на кој можеме да му веруваме за нејзиното подмладување, сепак може да му се заблагодариме на режисерот Вес Андерсон за тоа што опширно го прикажуваше овој тип на костим како во неговите филмови така и во личната гардероба, како и зголемената желба од мажите со стил за цврсти трајни ткаенини што можат да се носат солидно и често.
Ребрастиот кадифен костум е како секојдневна алтернатива на кадифето – тоа е луксузно без да биде претенциозно. Елегантно е, но исто така има и малку стар школски шарм кој се посакува. Во исто време, ребрастото кадифе се вклопува во пошироко движење во рамките на машка облека, бидејќи начинот на кој се облекуваме денес станува порелаксиран, флуиден и необичен.
Овој класик од седумдесеттите се вклопува во калапот подобро од кој дводелен костум од волна. Сепак, да бидете убедени во неговата моќ, прочитајте за тоа како и зошто треба да пробате костум од ребрасто кадифе.
Убавината на овој костумот е во неговата разновидност, без разлика дали го носите за работа или пообична пригода. Нашиот најдобар совет? Остатокот од Вашата облека чувајте го едноставен. Костумот ќе биде доволно голем сам за себе, а Вие не би сакале да го презаситите со куп од различни тонови, текстури и силуети.
За едноставен изглед кој функционира исто како и за еден обичен ден во канцеларијата, колку и за викенд-вечера, пробајте со бела памучна маица и спарете ја со вашите омилени патики. За нешто малку поелегантно, поприпиено но не и претесно, ролката е тука добра опција. Во секој случај, Вес Андерсон би одобрил, но исто така и женскиот поглед.
Изберете која било боја, само проверете дали во точен тон со костумот, и спарете се заедно со „Челзи“ џизми. И, за оние мажи кои веќе се чуствуваат удобно со оваа ткаенина и подготвени навистина да го направат тоа поп, може да надополнат со тексас кошула, со маица под неа.
Што да барате при купување костум од ребрасто кадифе
Костумот од кадифе е совршена алтернатива за памук, особено за време на зимата: топло е, цврсто и издржливо и не се гужва толку многу како памук. Започнете со размислување за силуетата која ја посакувате.
За повеќе кежуал прилики, одберете нешто пошироко и инспирирано од работничката облека, што веројатно ќе има два или четири џебови и со полабави панталони. За нешто посоодветно за поелегантни прилики, одберете дводелен костум со скроени панталони со тенка ролка и кожни „Дерби“ чевли.
Како да носите костум од ребрасто кадифе
Следно е бојата. Важно е да се разгледа кои нијанси обично одговараат на вашиот тон на кожата пред да направите инвестиција. Морнарско сино, сивата и костенлива се добри основи за секојдневното, но ако сакате да одите на нешто малку похрабро, одберете темно црвено, ´рѓа портокалова или шумско зелена боја.
Конечно, размислете за дебелината на кадифето. Достапно во бројни широчини и дебелини, а ширината на секоја индивидуална лента има влијание врз целокупниот изглед. Колку е потенко, толку е потенка силуетата и подебела широчината на лентите, толку е поширока. Разгледајте го тоа внимателно ако сакате идеално да го поклопите вашиот нов костум во Вашата гардероба.
СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ /ТЕКСТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.