Кое е првото нешто што ќе ви падне на ум кога ќе го слушнете името „Ралф Лорен“? Можеби приказна за борба од нула до херој, или можеби луксузен костум, поло маица?! Ралф Лорен е едно од доминантните имиња во модата и еден од најистакнатите дизајнери на нашата генерација. Наоѓајќи се на чело на оваа модна империја повеќе од половина век, Ралф Лорен го издигна лицето на модниот дизајн и воопшто на претприемништвото на едно сосема друго ниво.

Во 2015 година тој објави дека ќе се повлече од кормилото на империјата, ставајќи крај на патувањето што го започна децении наназад кога почна со продавање на вратоврски. Скромни почетоци каков што и самиот тој е. Ралф започнал студии на колеџот Барух, студирајќи бизнис, но се откажал по две години. Оттаму се приклучил на армијата помеѓу 1962 и 1964 година каде во тоа време служел како резерва.
Сепак, оваа нова кариера е со кус век.

На 24-годишна возраст се придружува на Браќата Брукс, како продавач без искуство во модната индустрија. Но не му треба многу време пред да одлучи дека е време да продолжи сам, оформувајки своја компанија на возраст од 26 години, продавајќи вратоврски од тезга во Емпаер Стејт зградата во Њујорк. Оттука па натаму неговата приказна се врти околу еволуцијата на стилот, енигмата, трендот и рачната работа.

Ралф Лорен го создаде своето богатство вредно 7,6 милијарди долари (заклучно со извештајот на Форбс ) од комбинација на остар ум, вештина, стил и постојаност. Светот знае за гламурот што е поврзан со Ралф, но има неколку работи кои не се толку познати. Тие се прилично интересни факти и некои навистина можат да ве изненадат.

Детство и младост

Ралф е роден на 14-ти октомври 1939 година во близина на њујоршкиот кварт Бронкс во семејство на белоруски Евреи. Неговиот татко Френк Лифшиц бил од Пинск, а неговата мајка Фрида Катлер од Гродно. Двајцата емигрирале во САД каде се запознале и се венчале на шеснаесет години. Во семејството се родиле четири деца. Иселениците живеат во сиромаштија во еднособен стан: платата на сликар што ја примал Френк не била доволна за да врзува крај со крај. Идниот славен дизајнер ќе го проживее своето детство во бучно еврејско семејство.

Во своето детство, Ралф бил активен спортист, се подготвувал за кариера на кошаркар. Но еднаш, кога го посетил својот соученик од богато семејство, тој бил импресиониран од големиот гардеробер за кој била обезбедена посебна просторија. Во станот на Лифшиц постоела само една заедничка соба и честопати Ралф морал да носи облека од неговиот постар брат.

Откако го видел луксузниот живот на неговиот соученик, Лифшиц решава да стане успешен и богат. На почетокот, момчето заштедува пари за својот прв костум од три дела што го купил на дванаесет години. До шеснаесетгодишна возраст, Ралф го менува презимето за американизираната варијанта – Лорен по примерот на неговите роднини кои се преселиле во Калифорнија. Младиот човек го завршува средното училиште „Девит Клинтон“ и влегува во академијата „Марша Штерн Талмудик“ каде поминува неколку години. Ралф се префрла на одделот за економија на колеџот „Барух“, на Градскиот универзитет во Њујорк на Менхетен, а во 1962 година ќе мора да ја изврши својата армиска должност.

Ралф Лорен започнува како дизајнер на вратоврски

Неговото потекло е скромно. По кратката соработка со „Брук Брадерс“ како продавач, Лорен основа своја компанија за вратоврски кои се широки и како што ги нарекува „необични“. Тоа е причината поради која тие ќе станат доста популарни како што продолжува да продава. Она што повеќето луѓе сега не го знаат е дека првите биле всушност направени од стари партали. Досетливоста на Лорен е тука толку очигледна што тој се прошири од таа позиција до ова каде е денес.

Во 1969 година беше промовирана првата колекција машка облека Поло Ралф Лорен. Поло играчот станува негово лого. Името на компанијата предизвика асоцијации со аристократскиот свет кај клиентите. Создавајќи ги елементите на машката облека, дизајнерот безбедно ја комбинираше британската строгост со спортските елементи. Моделите на лабави панталони, кошули, поло маици, блејзери и службени јакни беа вклучени во оваа колекција. Младите во бизнисот подеднакво како и постарите купувале облека од овој бренд.

Во 1970 година Лорен, кој во тоа време беше моден дизајнер без специјално образование, ја добива првата награда на модните критичари – наградата „Коти“. А на почетокот на седумдесеттите години, Питер Смит ја носи функцијата претседател на компанијата на Ралф Лорен. Тој го зголемува бизнисот создавајќи линија за парфеми и скапи додатоци. Зголемувајќи го бројот на продавници, Ралф ја отвора продавницата во Беверли Хилс, на Родео Драјв. Во 1971 година беше промовирана првата колекција на Ралф Лорен за жени – Women. Памучната кошула со машки крој станува вистински хит на оваа колекција. Оваа идеја Ралф ја зема од неговата сопруга која честопати си купува машки кошули со помала големина.

Ралф не ја измисли поло маичката

Да нема заблуда. Господин Лорен е одговорен не само што овој бренд е славен, туку е и многу популарен и исклучителен. Сепак, поло маичката е производ на поранешниот тенисер кој се преобрази во дизајнер, Рене Лакост. Рене ќе го почувствува недостатокот на тениските комплети во тие денови и смета дека вистински промени се потребни. Тогаш тој дизајнира комплет во основа направен од памук за да го направи што е можно полесен и удобен. Го презентира за прв пат на US Open во 1926 година. Дури подоцна во 70-тите години на минатиот век, Ралф ги превзема правата и производството и го направи иконското облекување сè до денес.

Ралф Лорен: колекционер на автомобили

Ралф Лорен има една од најистакнатите и најскапи колекции на автомобили во САД. Всушност, само да споменеме неколку, тој е сопственик на Ferrari Testarossa од 1958 година, редок примерок на Mercedes-Benz SSK „Count Trossi” од 1930 година, LaFerrari- еден од поретките примероци и дури два Porsche 918 Spyder. Понатаму, тој е сопственик на еден од четирите произведени примероци на Bugatti Type 57SC Atlantic Coupe, кој вреди околу 40 милиони долари. Неговата колекција од над 70 автомобили е недостижен сон. На веб-страницата на неговата истоимена компанија имаат цела страница посветена на неговите автомобили и колекции.

Лорен се глуми себеси во серијата Пријатели

Ако сте ја гледале серијата Пријатели, која траеше 10 сезони во 90-тите и раните 2000-ти, запознаени сте со ликот на Рејчел Грин, кој го игра Џенифер Анистон. Како што се вели во заплетот на приказната, таа работи во Ралф Лорен како извршен директор. Во еден момент од 5-та сезона во 1999 година, Ралф се игра себеси каде и двете секвенци се одвиваат во лифт. Појавувањето всушност беше изненадувачки за многу гледачи.

Многу дизајнери на машка ткаенина работеле за Ралф на некој начин

Од оние како Симон Спур, Тим Копенс, Мајкл Бастијан, Том Браун… меѓу другите, сите имаат работено за Лорен на овој или оној начин. Компанијата Ралф Лорен е платформа за многу талентирани индивидуи за да ги покажат своите таленти и способности. Малкумина кои ќе се решат да прекинат, на крајот си прават свои имиња на свои брендови поради огромното искуство и квалитетот на производството во овој моден центар. Не е изненадување што толку високи профилирани дизајнери биле под Ралф во едно или друго време.

Годишниот приходот кај Ралф Лорен е околу 7,6 милијарди долари

Брзо прашање: што мислите колку заработува популарна модна куќа на крајот на секоја година?- Па, факт е дека компанијата годишно има приход од огромни 7,6 милијарди долари. Ова се должи на многу продавници што компанијата ги има формирано и исто така и големиот асортиман на производи што ги прави оваа компанија.

Polo на Ралф Лорен му го даде на светот првиот црн супермодел

Во екот на целата граѓанска револуција што започна во 60-тите години, машки црн супермодел беше незамислив. Но ова ќе се смени кога во 1994 година Тајсон Бекфорд ќе стане модел за Polo. Мускулест и со одличен физикус, Бекфорд си обезбеди место во кампањата на Ралф Лорен како заштитно лице на поло спортот. Оттаму, тоа ќе биде една по друга револуција со машки црни супермодели како Бекфорд низ целиот свет.

Ралф всушност е сопственик на клубот Монако

Канадскиот гигант на малопродажба е во сопственост на Лорен, купен во 1999 година од Поло Ралф Лорен. Има продавници во Канада, Хонг Конг, Макао, Обединети Арапски Емирати, Индонезија меѓу другите места. Продавниците за малопродажба се занимаваат со секојдневна облека за мажи и жени често менувајќи ги производите со промена на сезоните за да одговараат на трендовите. Компанијата е основана во 1985 година во Канада, но долго време растеше за да стигне до каде е сега, а голем дел од успехот е благодарение токму на Поло Ралф Лорен.

Ралф Лорен стана првиот дизајнер кој ги облекол учесниците на Вимблдон

Можеби е изненадувачки, но тој стана првиот дизајнер во историјата кој всушност ги облекол сите, од момчињата за топчиња, линиските судии и судиите на теренот. Всушност, логото на Вимблдон беше редизајнирано за оваа намена. Зборуваме за револуција во сè што ќе допре. Вимблдон се смета за еден од најголемите спортски настани во тенисот и колку добивањето на оваа можност е профитабилно, можете да си замислите. Но, тоа дефинитивно дојде поради генијалниот дел од него. Редизајнираните комплети и униформа се врвни и гламурозни. Повеќето од нив всушност може да ги најдете на Интернет и во продавницата Ралф Лорен и во продавницата на Вимблдон.

Ралф и големиот Гетсби

Тој ја дизајнираше целата машка облека во филмот „Големиот Гетсби“. Оваа можност тој всушност ја добива кога го ангажираат да дизајнира и да скрои костуми за ликот на Роберт Редфорд во филмот. Но не застанува тука. Неговата облека беше претставена во „Ени Хол“ на Вуди Ален. Од тука се редеа дизајните од еден по друг филм.

 

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.