Официјално најбрзиот мотоцикл во светот, Voxan Wattman, е електричен. Иако електричен постигнува моментална брзина од 408 километри на час. Оваа верзија со 367 коњски сили возен од Max Biaggi постигна неколку рекорди на аеродромот Châteauroux Airfield во Франција.

Тој возеше со максимална брзина од околу 408 километри на час и просечна брзина од 366,9 километри на час во согласност со правилата на Меѓународната федерација за моторциклизам (FIM: Fédération internationale motocycliste), е за околу 30 километри повеќе од претходноит рекорд (349,38 километри на час).

Откриен на Саемот за мотоцикли во Париз во 2013 година, Wattman на крајот не успеа да ја најде својата лојална публика што резултираше со ликвидација на Voxan во 2015 година, но Venturi Automobiles последниот сопственик на брендот се надева дека ќе го оживее преку ваков обид на соборување на рекорди.