Моментално во светот intermittent fasting претствува една од најпопуларните диети или начини на исхрана. Луѓето го користат овој начин на исхрана заради слабеење, подобрување на здравјето и поедноставување на животниот стил.

Што е всушност intermittent fasting?

Intermittent fasting е начин на исхрана кој содржи циклуси на јадење и циклуси на постење (без храна). Нема одредени намирници кои треба или несмее да се јадат, туку кога да се јадат.

Постојат повеќе начини на intermittent fasting , секој од нив го дели денот или неделата во циклуси на јадење и циклуси на пост. Ова се најпопуларните:

16/8 метод: во овој метод е најпопуларен и во него е вклучен циклус на јадење од 8 часа и циклус од 16 часа пост. Најчесто се прескокнува доручекот и се почнува со оброци од 13 до 21ч. Па следнува пост од 16 часа. Не е погрешно ако се почне со доручек на пример од 8 часот ама циклусот на постење започнува од 16часот.

Оброк-стоп-оброк : Овој метод вклучува еднаш или два пати во неделата пост кој трае 24 часа. На пример ако завршите со вечера, следен оброк е вечера следниот ден во исто време.

5:2 диета: со овој метод 5 дена се јаде нормално, а 2 дена се конзумираат 500-600 калории на ден.

Со намалување на калорискиот внес, сите овие методи треба да доведат до намалување на телесната тежина, освен ако не компензирате со внес на преголемо количество на храна во периодите во кои јадете. Од сите овие методи најчесто користен е 16/8, бидејќи е наједноставен и најлесен за придржување.

Како intermittent fasting влијае на хормоните?

Инсулин, грелин, лептин

Најдобри ефекти intermittent fasting има токму врз хормоните кои имаат дирекно влијание врз чувството на глад, шеќерот во крвта и метаболизмот. Овој режим на исхрана, низ голем број на истражувања, се покажал како многу ефикасен за намалување на ризикот од дијабетес и забрзување на метаболизмот. Исто така големо позитивно влијание има и врз хормонот на глад – грелин кој пак го подобрува нивото на допамин во мозокот што пак ги подобрува когнитивните функции.

Хормон за раст (HGH)

Лачењето на хормонот за раст кој влијае врз топењето на наталожени масти и врз градењето на мускулната маса при intermittent fasting се зголемува за 5 пати.

Кортизол

Кортизол е хормон на стрес, чие лачење се зголемува доколку периодот на постење е предолг.

Тироидни хормони

Оние кои имаат дисфункција на тироидната жлезда, било тоа да е недостаток на тироиден хормон или Хашимото несмеат да се вклучуваат во овој режим за исхрана без консултација со доктор бидејќи се покажало дека секој организам различно реагира на овој начин на пост.

Дали intermittent fasting режимот на исхрана се глорифицира?

Постот познато е дека има добро влијание врз човечкиот организам, тоа е неспорно. Меѓутоа многу е важно да се знаат и позитивните и негативните аспекти на intermittent fasting. Депресијата, опаѓањето на косата, нервозата и стресот секако ќе ги надвладеат позитивните ефекти од режимот. Секој треба да биде свесен за своето здравје и да се консултира со доктор доколку има хронични болести.