Речиси секој престој во природа во летните денови сам по себе си бара и разладувач или фрижидер, без разлика дали станува збор за кампување, пикник или излет. За среќа, Volkswagen одлучи да понуди свое решение, а за инспирација е искористен легендарниот Volkswagen T1.

Носталгичниот Volkswagen T1 продолжува да „живее“ преку различни дизајни. Имено, германски Volkswagen лансираше мини фрижидер наречен VW Cool Box во кој можете да ги одржувате вашите храна и пијалоци студени во реплика на легендарниот Volkswagen T1 кампер. Оваа разладувачка кутија пристигнува со гумени тркала и преклопна телескопска рачка за лесен транспорт поставена под основата на комбето. Официјалниот лиценциран продукт на Volkswagen има голем 26-литарски капацитет, додека покривот е обезбеден со силни шарки.

Со оглед на капацитетот кој го има, овој подвижен Volkswagen T1 кампер фрижидер е одличен за чување на поголеми количества храна и пијалоци. Комплетиран со внатрешен приклучок за дренажа, оваа кутија може лесно да се испразни доколку е полна со мраз. Оваа реплика на VW T1 е изработена од издржлив материјал и пристигнува со официјалниот беџ на Volkswagen.

Овој интересен преносен фрижидер со сигурност ќе го привлече вниманието каде и да се појавите, како со својот изглед, така и со својата функционалност.

Volkswagen T1

Многу работи беа истакнати во 60-тите години на минатиот век, но ништо не ја симболизира таа ера подобро од камперското комбе на Volkswagen. Подгответе се за пикник, пуштете си некоја „чил“ музика од 60-тите и упатете се во најблискиот парк и уживате во студено пиво за време на летните горештини, а друштво ќе ви прави овој кул мини фрижидер реплика на Vоlkswagen T1.