Германската автомобилска групација Volkswagen ги објави плановите за развој на сопствени чипови со високи перформанси за идните автономни возила. За германскиот весник Handelsblatt, извршниот директор на автомобилската групација Херберт Дис објаснува дека одлуката за преселба „in-house“ доаѓа како дел од обидот да се создаде поголема хармонија помеѓу софтверот и хардверот. Иако има намера да дизајнира свои чипови, производителот исто така вели дека нема да ги произведува сам. Овој процес ќе биде даден на нивниот софтверски оддел Cariad, со цел да ја прошири својата експертиза. Друга причина за ваквиот чекор е што Volkswagen следејќи ги стапките и на Tesla и на Apple, сака да го пренесе развојот на процесори „in-house“.