Компанијата го претстави концептот Microbus кој следи низа електрифицирани верзии на иконите возила на германскиот производител на автомобили. E-Bulli, всушност е класичниот VW van кој е достапен преку eClassics како комплет за конверзија.
Всушност самото комбе е донаторско од кое е изваден четирицилиндричниот боксер мотор и е заменет со нов електричен мотор со 82 коњски сили. Батеријата со капацитет од 45 kWh дава опсег од околу 200 километри. Полнењето до 80 проценти трае 40-сет минути.
Во ова комбе се променети сите системи, светла, седиштата. Единствено нешто што не е променето тоа е дизајнот. Оваа модификација чини 70.000 американски долари со вклучено комбе. Интересно!