„I was born into this world, and my first memories of it are pain.”
Долорес е надвор и се обидува да ја открие причината за нејзиното постоење. Во трејлерот преку разговорот на Долорес со ликот на Арон Пол се чувствува неговата клучна улога за нејзината кауза. Андроидите се подготвени да ги убијат „сите” ако треба. Актерската екипа ја сочинуваат, Еван Рејчел Вуд, Арон Пол, Ед Харис, Теса Томпсон, Танди Њутон, Лук Хемсворт. Премиерата на третата сезона на Westworld е закажана за 15-ти март, а секако ќе ја гледате на HBO.