На повеќето мажи можеби не им оди баш најдобро кога станува збор за сексот, дури и ако се појавите во најдобрата облека, со најскапиот парфем на себе и со извонреден хумор кој може да се прилагоди на сечиј вкус. Една лоша партија секс е се што е потребно за целосно да ги уништите шансите со некоја девојка на долги патеки.

Иако е многу лесно да се соберат некои совети за разговор или можеби готвачки финти со кои ќе ја изненадите понежната половина, мажите речиси никогаш не споделуваат совети од спалната соба, а најчесто се се сведува на лажно фалење и зафрканции. Меѓутоа, тука се сексолозите кои имаат што да кажат и кога станува збор за односите со дамите сакаат да не научат на нешто, со цел да станеме подобри љубовници и да ги освоиме нивните срца како вистински шампиони.

Во прилог ви носиме неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги задоволите своите партнерки.

Обрнете внимание на одговорите кои ги добивате

Најлесниот одговор секако е вербалниот, а кога вашата партнерка вели дека нешто правите добро, немојте да се префрлате на друг потег, ниту да го менувате вашиот ритам веднаш. Обрнете внимание на знаците, забрзаното дишење и звуците бидејќи овие ставки се показател дека сте на вистинскиот пат.

Говорот на телото за време на сексот ќе ви открие уште повеќе

Дали се повлекува? Потскокнува? Дали ви ја трга раката или ја префрла на друга страна од своето тело? Ако е таков случајот, тогаш ова дефинитивно значи дека е време да се откажете од својата моментална тактика и да се обидете нешто друго.

сексот

Почитувајте ги границите на својата партнерка

Доколку поседувате свој личен потег на кој сте мошне горди и на некои дами им одговара, доколку ви се пожали дека ја боли, престанете веднаш со тоа или допуштете и да ви истакне на некој друг начин дека не е претеран љубител, истовремено не се обидувајте да ја убедувате да прифати такво нешто. Обидете се со нешто друго.

Разговарајте за она што пружа добро чувство

Еден од најважните сексуални совети за мажите е пружањето на позитивен одговор на акцијата, звуците, дишењето и изговарањето на потврда дека тоа што го правите е добо за време на заедничкото уживање.

сексот

Фокусирајте се на предиграта

Бакнувањето и галењето не се единствените работи кои мораат да се случат пред пенетрацискиот однос. Можностите за најдобриот секс во животот настануваат дури и кога ќе ги продолжите овие акции во текот на својата сексуална сесија, меѓу се останато, што може да ја засили страста.

Забавете го своето дишење

Немојте да го запирате дишењето и да се доведете на границата на колапс и оштетување на сивата маса, ниту е потребно да седнете во лотус поза и да тргнете со медитација, туку едноставно вдишете длабоко во текот на четири секунди и издишете во текот на четири секунди со цел да ги забавите отчукувањата на срцето, да го намалите протокот на крвта и успеете да издржите подолго во кревет.

Возвратете со иста мерка

Ова не важи само за оралниот секс, туку исто така е потребно да се примени и на останатите делови на вашиот сексуален репертоар. Дали вашата девојка постојано ви пружа масажа на грбот пред сексот? Дали секогаш ја прифаќа вашата омилена поза, дури и тогаш кога не е претерано воодушевена од истата? Помислете за тоа што ве прави најдобар пред, за време и по сексот и прашајте се дали вие го вложувате истото ниво на труд како вашата партнерка.

Сексот станува најдобар кога ќе ги загубите стравовите за преземање контрола

Доколку постои еден совет за нас мажите кој секогаш би требало да го запаметиме тогаш тоа е дека, кога станува збор за сексот, согласноста не е само важна, таа е круцијална. Никогаш не би требало да се впуштаме во сексуален однос доколку не сме потполно сигурни дека имаме согласност или не ја притискаме жената која делува вознемирено и неволно. Меѓутоа, ова не значи дека не можете на својата партнерка да и кажете што сакате или да побарате нешто што ве придвижува.