Додека во минатото, седата коса беше симбол на стареење и знак на мудрост, денес таа се разви во стил. Многу ѕвезди гордо ја носат својата „salt and pepper” коса. Без разлика дали е сива, седа, сребрена или природна мешавина, едноставно наречена „salt and pepper”, овој изглед станува се попопуларен кај господата низ целиот свет.

Дури и козметиката за коса има препарати кои ја менуваат и истакнуваат оваа боја на коса. Меѓутоа како и секој вид на коса, така и оваа бара одреден вид на одржување и негување.

Се започнува со добро потстрижување. Експертите советуваат да барате фризура што ќе ја потенцира вашата природна боја на коса, за кога ќе се стилизира да привлекува внимание. На пример меките фризури најдобро одговараат за целосно бела коса која доаѓа до израз доколку се користат топло златни или руси тонови за стилизирање, додека пак за темно сивата коса, кратката фризура со добро дефинирани линии навистина ја збогатува оваа боја.

Производи за коса… Без разлика дали вашата „salt and pepper” коса е природна или боена, треба да ги изберете вистинските производи. Па така овој тип на боја на коса се третира со анти-жолт шампон, кој има виолетови и сини пигменти кои и додаваат убава нијанса на вашата коса. На пример Goodbye Yellow шампонот на Schwarzkopf е доста добар за таа намена. Kérastase Blond Absolu Bain Ultra Violet е уште еден шампон кој не само што со својата прекрасна виолетова-сина боја ги неутрализира нијансите, туку работи и на целокупната текстура на влакното.

Кога станува збор за стилизирање на овој тип на коса восокот има предност. Тој има мат ефект, без сјај кој добро ја истакнува „salt and pepper” бојата. Како и сите типови коса, така и вашата „salt and pepper” коса бара здрав начин на живот, редовно негување и одржување.

„salt and pepper"