Оваа година навистина беше тешка за сите нас, но со оглед на тоа дека 2021 ни се наближува, никој веќе нема време за тие грижи. Во прилог ви го носиме ултимативниот водич за алкохолни подароци со кој вие и вашите најблиски ќе бидете загреани во текот на празничниот период.

The Macallan Edition No. 6

Шестата и последна едиција на The Macallan Edition Series пристигнува со нова ограничена серија на malt виски Edition No.6, направен од комбинација на американски и европски стил на буре со дабово шери. Резултатот е комплексен пијалок полн со ароми на свежо овошје, морско оревче, карамела споени со даб и вкусови на зрела слива, живописни слатки портокали и цимет, кои се развиваат во зачинето свежо овошје и кремасто чоколадо.

Glenfiddich персонализирана услуга

алкохолни подароци

Glenfiddich, исто така познат како најнаградуваното single malt шкотско виски, лансираше услуга токму на време за сезоната на (алкохолни) подароци. Комплементарната услуга за персонализација на етикетите е наменета за оние кои ќе го грабнат било кое шише на Glenfiddich Our Original Twelve или Glenfiddich Our Solera Fifteen во продавниците или кај било која лиценцирана e-commerce платформа. Сите клиенти ќе можат да го скенираат QR кодот на задниот дел од шишето, ќе ги пополнат своите детали и персонализираната порака на етикетата, по што производот ќе пристигне за пет до седум работни дена. Ставете ја етикетата на шишето и ете го вашиот совршен, персонализиран подарок за вашиот пријател.

MV Nyetimber Classic Cuvee

Што е прослава без меурчиња? Ако ви е мака од обичните шишиња со шампањ, можеби би сакале да размислите за некое пенливо вино како за промена. Nyetimber создава некои од најдобрите англиски пенливи вина во последните три децении, а совршениот избор за почеток на свеченостите е Classic Cuvee Multi-Vinage. Замислете си фини меурчиња, зачинети ароми и мешавина од мед, бадем, пециво и печено јаболко за едно елегантно задоволство.

Lyre’s

алкохолни подароци

Јасно, едно шише од Lyre’s не е баш врвот на кој се надеваат многумина, но не може да се изостави. На крајот на краиштата, не секој сака да се „изгуби“ за време на празниците или да го помине следниот ден со мамурлак. Со 13 различни безалкохолни пијалоци, вклучително и вкусовите како Lyre’s American Malt и Lyre’s White Cane Spirit, ова се одличен додаток за секој домашен бар за некои помирни божиќни и новогодишни вечери.