Подготовките за највозбудливата вечер на матурантите започна. Секое парче облека се бира со големо внимание. Трендовски парчиња, уникатни комбинации…. се за изгледот кој секој млад човек сака да го постигне. Несомнено една од омилените дестинации на младиот човек се и продавниците на Bitsiani, каде од посветениот тим матурантите можат да добијат инспирација и совет за својот изглед.

Овогодинешните предлози за матурантите се комбинација од младешки стил и италијанска инспирација, парчиња во кои момците ќе се чувствуваат самоуверено и модерно. Пастелните бои и храбри комбинации како и секогаш се тука, дополнети со интересни детали и модни додатоци за уникатност и впечатливост. Од друга страна, и темните нијанси се застапени за оние кои бираат поелегантен и свечен изглед.

Едиторијалот за матуранти кој ќе можете да го најдете во продавниците на брендот го подготвија фотографите Aни и Дими, Зорица Николова – задолжена за шминка и фризура, моделите Игор Гошев и Филип Макрадули, дел од агенцијата Моделс Ин, и бренд менаџерот на Bitsiani, Жорж кој ги подготви комбинациите.