Иако главна цел на чашата за вино е да ја носи течноста, таа служи и како сад кој ги вади најдобрите ароми и вкусови на секое вино. Секако секогаш можете да пиете вино од обична чаша, но ако сакате да го извадите максимумот од секое вино ќе треба да се потрудите. Ако не сте сигурни како да започнете, не се вознемирувајте. Има решение за тоа. Овој водич за почетници ќе ви помогне во изборот. Постојат три дела од кои е составена чашата за вино: основа- делот кој ја одржува стабилноста на чашата на масата, стебло- делот кој ја поврзува основата со садот и место каде што се држи чашата, сад- носачот на течноста.

Чаши за црвено вино

виноBordeaux, Cabernet, Merlot

Чашите за овој вид на вина се веројатно највисоките кои ќе ги најдете. Дизајнирани се со голем, широк сад кој малку се стеснува на крајот, што овозможува етанолот лесно да испари, на начин на кој се измазнува вкусот на виното.

 

 

Shiraz, Malbec

Поради количеството на танини и зачини, овие чаши се направени од соодветно стакло кое помага во омекнување на грубите вкусови на виното. Заоблениот сад и тесниот отвор се тука за да ги зароби аромите на вината за да можете да уживате во него во целост.

 

Burgundy, Pinot Noir

Ова се најшироките и најкратките чаши за црвено вино. Широкиот дизајн на садот овозможува многу воздух да стапи во контакт со виното, што пак помага да се соберат аромите на виното додека се подобрува неговиот вкус.

 

 

Чаши за бело вино

виноSauvignon Blanc

Чашите што се користат за лесни вина, обично доаѓаат со средно или долго стебло, тесен сад и мало изострување. Стаклото е направено за да ги инкапсулира суптилните, нежни цветни и овошни ароми на овие вина.

 

Chardonnay

За овој вид на вино имаме полно стакло, поширок и поголем сад. Зголемената површина е дизајнирана да овозможи доволно аерација за да се зголеми концентрацијата на аромата, а притоа да се балансираат киселоста и сладоста на виното.

 

Шампањ и пенливо вино

виноFlute

Стандардни чаши за пенливо вино и шампањ. Прави, со тенок сад кој помага во зачувуваање на карбонизацијата и вкусовите.

 

 

Coupe

Чаши кои не се користат толку денес колку што се користеле во Speakeasy ерата. Плиток, широк сад што ја зголемува изложеноста на воздух, што резултира во брзо губење на меури и аромата. Денес ваквите чаши се користат за коктели.