Што е „Casual“ кежуал облека?

Вообичаено кежуал машката облека се преведува како удобност со стил. Тоа е облека која ќе ве направи да се чувствувате добро. Машкиот „casual dress code“ има јасно чувство за стил без тоа да е премногу формално.

Тоа е подеднакво модерно и забавно, но никогаш изнудено и не изгледа како да сте поминале часови пред огледало. Кежуал облекувањето го отелотворува чувството за мода преку уличниот стил, затоа кежуал облеката за мажи има тенденција да се потпре на ултимативните основи на гардеробата.

Трикот кој треба да се направи во кежуал облекувањето е да се одберат парчиња кои не се специфични за било која одредена сезона и се направени од квалитетни материјали и кроења. Кежуал облеката се потпира на слоевити парчиња: пар добри фармерки со базична Т-маица или Оксфорд маица вметната во лесни летни чиноси. Се разбира тоа зависи од пригодата за која се облекувате. Кежуал аутфитот за прошетка во слободно време ќе се разликува од оној за релаксирана летна забава или настан.

Тоа значи дека кежуал облекувањето не значи немарност и сепак подразбира некои услови за да изгледате добро во тоа. Како да се облечете добро во кежуал варијанта?
Ова се клучните елементи во кои треба да инвестирате за да постигнете кежуал изглед со стил:

БАЗИЧНА МАИЧКА

Базичната маичка е очигледен избор. Тоа е елемент кој практично ќе оди со сè во вашата гардероба. Една памучна маица во лесно носливи нијанси на бела, сива и црна боја, ќе ве пренесе низ секоја сезона во слоевитото облекување како под потенки или подебели џемпери така и под долгите палта и секаков вид панталони- можностите се бескрајни.

ДОБАР ПАР ФАРМЕРКИ

Добриот пар фармерки треба да ви одговара и да ви бидат удобни за носење. Моделите на избледен џинс се прашање на лично преферирање но треба да се избегнуваат премногу искинати ,разресени и накитени модели.Типот на тесни фармерки не одговара сосем на секого и за среќа полека губи на актуелност . Фармерките се комбинираат со се’- од маица, дуксер до блејзер.

ДУКСЕР

Дуксерите влегоа во модата во 30-те години на минатиот век како слоевита алтернатива на физичките работници. Неколку декади потоа стануваат едно од главните парчиња на избор во уличната мода и спортистите. Тоа е клучно парче во повеќето колекции на кежуал облека.

ПАТИКИ

Силата која патиките ја имаат e во перформансите и издржливоста што ги прави идеалени обувки. Носењето на патики скоро со сè стана енормно популарно меѓу стритстајл популацијата. Минималистичката гардероба ќе одговара на чисто бели патики или спортски обувки со црно-бел графички дизајн. Во меѓувреме, поурбаниот „street guy“ лидер ќе се одлучи за дизајн на патики со материјали како мрежа и кожа.

ПЛЕТЕНИ ПАРЧИЊА 

Плетените парчиња треба да бидат доволно лесни за да овозможат слоевито облекување, но исто така и добро да пасуваат за да се избегне грешката на прегломазен изглед. Кежуал џемпер од мерино волна, кашмир или волна е совршена опција за оние што тежнеат кон едноставно облекување и е добра опција за оние кои не сакаат јакни. Моделот со V израз е типичен за поформални пригоди, за летни настани или преодниот период помеѓу есен и зима.

КЕЖУАЛ ЈАКНА

Кежуал јакните со модели како бомберки, тексас јакни или кожени јакни мора добро да пасуваат пред да станат ваша кежуал мантра. Нема ништо полошо од гломазна јакна, па и кога се работи за кежуал стил.


 

„Casual“

Бизнис кежуал

Секојдневното кежуал облекување е добро и пријатно, но што ако сакате да го преведете тој изглед во канцеларија? Понекогаш класичниот костум во два дела не е по желба, а и жешките летни денови изискуваат нешто порелаксирано. Кежуал костум палтото е најдобра алтернатива. Ленот е идеалена ткаенина за летните месеци. Во повеќето случаи е палтото на едно закопчување.

Chinos наместо панталони

Кежуал стилот е сублимиран во пар добро скроени чиноси. Како алтернатива за класичен пар на костум панталони чиносите се појавуваат во варијација на бои, но за да го постигнете тој лежерен слоевит изглед определете се за неутрални нијанси, како темно сиво или бело. Чиносите можат да бидат искомбинирани со патики или спортски чевли.

Обична кежуал кошула

Темелник на секој бизнис кежуал изглед е т.н. Dress кошула. Размислете како се вклопува кошулата над сè друго. Треба да изгледа точно и доволно лежерно без да биде преголема. Разликата помеѓу кежуал кошулата и кошулата за костум е во материјалот кој се користи како и палетата на бои. За секојдневно облекување податна е класичната т.н. Granddad кошула или кошула со графички принт.

Оксфорд кошула

Иако Оксфорд кошулата може да има долги ракави, многу покежуал пристап до класичниот изглед се добива со Оксфорд кошула со кратки ракави. Се работи за адаптирање на базичните парчиња во постигнувањето на кежуал естетиката. Тоа кажува дека Оксфорд кошулата во било која варијанта е една од оние лесни за носење модели за оние кои сакаат едноставно облекување.

Поло маица

Посакувана од играчите на голф и тенисерите, класичната поло маица може да е лесна алтернатива за обичната кошула. Бенефитите на овој вид маица се во кратките ракави и порозноста. Може да се бира помеѓу лесно памучно ткаење и шари како линии, точки и се разбира блок бои. Се спарува со чиноси, џинс и летни шортцеви.

Кошули со принт

Ако не се плашите да внесете малку боја и шари во вашата кешуал гардероба тогаш барајте печатени кошули за да постигнете индивидуализиран аутфит. Принтовите можат да бидат во широк дијапазон од цветно до геометриско. Со шарените кошули долниот дел од аутфитот треба да е едноставен со или џинс или еднобојни памучни шортцеви.