Суперпродавницата на „Литература.мк“ во „Скопје Сити Мол“ сама по себе е вистинско доживување, но купувањето на лице место сега станува и уште побезбедно благодарение на поставените прочистувачи за воздух кои се користат и од страна на НАСА.

Бидејќи грижата за своите потрошувачи секогаш треба да се става во преден план, пред се во време на пандемија кога е важен и квалитетот воздухот кои го дишат и нивното здравје, во суперпродавницата „Литература.мк“ во „Скопје Сити мол“ неодамна беа поставени најсовремените уреди за прочитување на воздухот Dust Free – Air Knight.

Станува збор за уреди за прочистување со фотокатализатори што го користат процесот фотокаталистичка оксидација (Photocatalytic Oxidation) и коишто влијаат врз коронавирусот и гриповите, а потврда за нивниот ефект може да се најде во голем број независни истражувања меѓу кои и анализа од Универзитетот во Милано. Оваа технологијата е развиена и користена од НАСА за санитизирање на леталата за вселенски мисии, каде што единствениот услов е стерилен воздух. Покрај дезинфекција на воздухот се добива и зголемување на ефикасноста на филтрите M6 за 9,9 procenti како последица на јонизацијата на честичките, како и ефикасност до 100 % во уништувањето бактерии и вируси.

Уште при подготовката на овие прочистувачи на воздухот, експертите заклучиле дека во денешното општество речиси 90 отсто од времето го минуваме во затворени простории. Но, Dust Free – Air Knight генерира природни оксидирачки јони што се транспортираат и ги уништуваат загадувачите преку воздушните системи и во средината.

литература

Од „Литература.мк“ велат дека продолжуваат да се грижат за своите посетители во секој сегмент, почнувајќи од тоа да им овозможат здрава средина за купување за време на празничниот период, како и огромен избор нови изданија за сечиј вкус и сечија возраст.