Американската компанија Atari која е позната по ретро игрите, во осум американски држави ќе гради game-тематски хотели каде гејмерите ќе имаат искуства со виртуелна реалност, места за е-спорт и geeked-out соби со до 10 гејмерски конзоли.
Ретро гејмерскиот бренд кој стои зад класичните гејм наслови како Asteroids, Pong и други, објави дека партнерски со компанијата GSD Group градат дестинации каде гостите ќе може да уживаат во виртуелна реалност и аугментативна реалност. Првиот хотел се очекува да биде отворен до 2022 година.