Целта која сакаме да ја постигнеме со вежбањето е секако од најголемо значење. Па веројатно видовите на фитнес програми кои ги практикувате се во фокусот. Но дали сте размислувале за тоа какво влијание има временскиот период во кој вежбате, на вашите цели?

1. Ако вашата примарна цел е губење на тежина: Вежбајте наутро

Според спроведените истражувања, вежбањето наутро може да помогне при слабеење на два начина. Вежбањето наутро пред појадок (т.е. на празен стомак) може да го зголеми трошењето на маснотии во споредба со вежбањето подоцна во текот на денот. Покрај соговрувањето на маснотии, вежбањето наутро помага и во контролирање на апетитот во текот на денот. Најбитно е да согорувате повеќе калории преку вежбање, а внесувате помалку калории преку храна.

2. Ако вашата примарна цел е подобрување на перформансите: Вежбајте попладне/рано навечер

Ако вашата цел е да набилдате мускулна маса, да станете посилни и побрзи, тогаш според истражувањата, треба да вежбате попладне или рано навечер. Температурата на вашето тело се зголемува во текот на денот и го достигнува максимумот помеѓу 14 и 18 часот, а зголемената телесна температура ги подобрува перформансите на различни начини.

Потоплото тело е поеластично, па мускулите и тетивите се полабави. Зголемеата телесна температура е поврзана и со метаболизмот на глукоза. Кога кревате тегови или трчате, глукозата е вашиот примарен извор на енергија. Колку поефикасно вашето тело може да ја метаболира гликозата, толку повеќе енергија би имале.

Зголемената телесна температура е поврзана и со зголемена нервна трансмисија. На пример, неколку студии покажале дека врвот на енергија велосипедистите го достигнуват околу 18 часот. Градењето на мускулна маса зависи и од нивото на кортизол. Па попладне нивото на кортизол е пониско што помага во градење на мускули.