Почетокот на летото, 5 јули, Владо Јаневски го избра како погодно време за промоција на неговата најнова песна, поддржана и со спот, насловена како „Главен град на тагата“.

Музиката и текстот се на Јаневски, за аражманот се погрижи Роберт Билбилов, а продукцијата е на Дарко Димитров. Режисер на спотот е Бане Поповиќ, а промоцијата се одржа во кафе-барот „Цреша“.

„Главен град на тагата“

Видео приказната, во која и овојпат не се појавува Владо, е снимена на неколку локации во Скопје, и во неа се појавуваат неколку убави млади девојки, а специјална гостинка е Дунавка Трифуновска. Новата песна претставува своевидно обележување на 25-годишнината од музичката кариера на Јаневски, но и најава за неговиот голем солистички концерт, планиран за 2. Август, на Античкиот театар во Охрид.

-И покрај насловот „Град на тагата“ песната, во себе носи убави и позитивни емоции. Тоа е една урбана приказна, спакувана во ведар спот- вели Јаневски.