Поради фактот дека обичајот за украсување традиционални оклопни кукли во Јапонија се намалува компанијата TADAYASU CO.LTD., реши да соработува со дизјанери и производители на часовници со цел да ја пренесе културата и техниката на оклопот Edo Katchu на следната генерација на поинаков начин. По проучување на начинот на моделирање на оклоп и зачувување и примена на техниката, дизајнерот Јасуке Тагучи поставувајќи си го прашањето „што е оклоп што може да се носи во денешно време“ предложи создавање на рачен часовник.

Она што најмногу го наведе овој дизајнер во создавање на часовник е бројот на компоненти, процесот на производство кое ги спојува овие две занаетчиства. Часовникот всушност е направен од текстил од Kyoto, дрво и секако е рачно изработен. Убавината е тоа што тој е направен да одговара на модерната деловна сцена, притоа зачувувајќи ја прекрасната култура на Јапонија. За почеток производството оди преку финансирање и е можно само во Јапонија, со желба ова да прерасне во комерцијален производ на светската сцена.