Мажите во доцните четириесетти и раните педесетти години, доживуваат промени во своето тело. Андропаузата или машката менопауза е природна појава во животот на мажите, која претставува збир на повеќе симптоми. Постои одреден консензус дека единствен егзактен параметар за оваа состојба е падот во лачењето на тестостеронот.
Прво прашање кое се наметнува кога ќе се спомене машката менопауза е – дали е таа вистинска или измислена појава? Андропаузата или машката менопауза е природна појава во животот на мажите, која претставува збир на повеќе симптоми. Секој од овие симптоми е последица на постепениот пад на нивото на тестостерон.
Се чини дека жените не се единствените кои ги трпат ефектите од хормоналните промени предизвикани со стареењето. Лекарите веќе со години наназад забележале слични симптоми и кај мажите. Менопаузата кај жените практично означува крај на репродуктивниот период. Мажите во доцните четириесетти и раните педесетти години, исто така доживуваат промени во своето тело.
Да бидеме прецизни, сè уште во медицинските кругови се води дебата за тоа што точно ја прави машката менопауза. Постои одреден консензус дека единствен егзактен параметар е падот во лачењето на тестостеронот. Менопаузата кај жените е многу полесно да се детектира.
Со влегување во менопауза, производството на репродуктивни хормони кај поубавиот пол во целост престанува. Но опаѓањето на тестостеронот кај мажите е многу побавен процес кој може да биде предизвикан и од одредена здравствена состојба, како дијабетисот. Највпечатливи симптоми на машката менопауза се зголемениот умор, ерективна дисфункција, слична на онаа која во менопаузата ја доживуваат жените.
Важноста на тестостеронот
Општопозната работа е дека тестостеронот е еден од основните хормони потребни за живот. Телото го произведува природно и има клучна улога при растот на машките репродуктивни органи. Исто така, тој е главен чинител за развојот и одржувањето на мускулната маса, влакната, густината на коските, менталното здравје и силниот имунолошки систем.
Постојат уште некои, помалку познати позитивни својства на тестостеронот. Тоа се превенција на остеопорозата и одржување на здравјето на срцето. Покрај тоа тестостеронот ја регулира дистрибуцијата на мастите во телото и производството на црвените крвни зрнца.
Поради тоа, нивото на тестостеронот во организмот може да биде индикатор на вашето вкупно здравје и сила. На крајот, најважното: тестостеронот е движечката сила на сексуалниот нагон кај мажите и е неопходен за производство на семе. Поедноставено – станува збор за најважниот хормон за мажите.
Знаци за ниско ниво на тестостерон
Еден од најочигледните знаци на низок тестостерон е зголемувањето на индексот на телесната маснотија. Тоа значи и намалена дефиниција на муслули и нивно слабеење. Активностите кои некогаш биле лесно, тогаш стануваат речиси неизводливи. Дополнителни симптоми се менателен замор, проблеми со меморијата и деконцентрираност.
Сексуалниот нагон слабее, спонтаните ерекции не се случуваат често и бројот на сперматозоиди радидно опаѓа. Доаѓа до пад на мотивацијата и чуство дека ништо не е важно. Поради сето тоа, доаѓа и до падот на самодовербата. Ако ништо друго, овој список на мрачни симпоми го поткрепува тврдењето дека тестостеронот е од круцијална важност за мажите.
Како се дијагностицира андропаузата
Ако ги забележите горенаведените симптоми, првиот чекор би требало да биде консултација со лекар. Ќе ви биде направена анализа на крвта, за да се довие детален преглед на нивото на тестостерон и другите хормони.
Дополнителните тестови ќе се обидат да ги откријат здравствените проблеми, како што се инфламација на простатата, неправилна работа на црниот дроб и бубрезите, бројот на белите и црвените крвни знца и маснотијата во крвта.
Откако ќе се соберат сите резултати од анализите, лекарот ќе ги разгледа симптомите, медицинската историја и ќе направи физички преглед. Кога ќе пристигнат резулататите, лекарот во консулатација со вас ќе направи план за лечење на секој поединечен здраствен проблем.
Видови на терапија
За среќа денес постои широк дијапазон на методи за лечење на андропаузата и нејзините непријатни симптоми. Најпопуларни методи се хормоналните инјекции, тестостеронски завои, гелови и апчиња. Меѓутоа, постои предупредување: иако од наведените начини на лечење докажано е дека постојат позитивни реакции во нивото на тестостерон, можни се и одредени нуспојави.
Тестостеронската терапија некогаш е поврзана и со срцеви заболувања и проблеми со простатата. Одредени експерти тврдат дека не постојат проекции за долгорочни ефекти од оваа терапија. Опширните и конечни клинички истражувања од ваквата терапија сè уште не се објавени.
Како и хормоналната терапија кај жените и тестостеронската терапија доаѓа со список на евентуални нуспојави. Некои истражувања велат дека таа може да се поврзе со влошување на состојбата на ракот на простатата. Ако го разгледувате овој вид на лечење, неопходно е консултирање со лекар за да ги дознаете нејзините позитивни и негативни страни.
Лекарот веројатно ќе советува и промена на начинот на живот, кои би можеле да помогнат со симптомите на андропаузата. Како алтернатива, машката менопауза може да биде третирана на повеќе начини.
Промена на начинот на живот
Можно е да се поништат симптомите на андропаузата со едноставно менување на животните навики. Особено се советува живот исполнет со свеж воздух, вода, сонце, вежбање и квалитетен сон. Не одолговлекувајте, секој ден квалитетен живот ќе значи намалено влијание на симптомите на андропаузата, а можеби и ќе успеете да ја одложите.
Вежбајте
Со зголемување на физичката активност, вашето тело ќе добие сигнал да почне да произведува повеќе хормони неопходни за одржување на мускулите и коскената маса. Вежбањето, исто така го намалува стресот, кој е главна причина за зголемување на кортизолот. Кортизолот пак негативно влијае на производството на хормони. Не претерувајте, зашто постојат одредени вежби кои можат да бидат контрапродуктивни.
Јадете здрава храна
Лечењето на симптомите на андропаузата преку исхраната не предвидува само излитени фрази за консумирање повеќе овошје и зеленчук. Во овој случај, постои точно одреден вид на храна кој ја потикнува продукцијата на хормони. Клучни нутритиенти кои го потикнуваат нивото на тестостерон се витаминот Д и цинкот.
Релаксирајте се
Релаксацијата не влијае позитивно само на вашиот ум. Се работи за процес кој ги намалува ефектите од стресот на вашиот ум и тело. Релаксациската терапија дефинитивно помага при редуцирање на симптомите од андропаузата. Покрај релаксацијата, наоружајте го телото со позитивни мисли, хумор, вежбање, квалитетен сон, со поддршка од вашето семејство и пријателите.
Психотерапевтска поддршка
Психотерапија или терапија со разговор, се однесува на низа техники кои се насочени на идентификување и справување со проблематичните мисли, емоции и однесувања. Одлична алтернатива на лечењето на симптомите со помош на медикаменти, но најдобри резултати сепак даваат во комбинација.
Семејна и терапија за парови
Очигледно, нападот на андропауза може да биде многу травматичен за мажите, но и нивните семејства. Мажите за оваа тема речиси и не разговараат. Повеќето многу се срамат од самите симптоми и целата драма што ја преживуваат ја чуваат во себе. Психотерапевтите веќе со години уверуваат дека и самото признание на состојбата која за мажите е срамна, има исклучителнопозитивни ефекти во нивното понатамошно лечење.
Заклучок
Како и сите состојби поврзани со хормоналните нарушувања, машката менопауза не настапува во исто време и на ист начин кај секого. Мажите често чуствуваат сосема различни симптоми. Иако е под знак на прашање какви симптоми утре ќе ве мачат, едно е неизбежно, стареењето влијае на секој од нас.