Кога мислиме на здрава исхрана треба да мислиме и на мастите, кои ќе ви помогнат да се чувствувате сити, а се битни за здравјето на срцето и за непречено функционирање на вашето тело. Здравите масти, незаситените, се наоѓаат во авокадото, јаткастите плодови и семките и путерот од јаткасти плодови, на пример. Некогаш нашиот организам бара сладост. Ако мислите дека ви треба малку дополнителна сладост, измешајте ½ лажичка мед или чист јаворов сируп. Но запомнете, шеќерот е сепак шеќер, без разлика колку е природен или необработен. Затоа користете го умерено. Најдобро е да избегнувате да купувате смути од продавница бидејќи тие доаѓаат со додаден шеќер. Убавината во правењето високопротеински пијалок дома е во тоа што можете да пробате бесконечни рецепти и да се фокусирате на количината на хранливи материи.

1. Мирисот на печени јаболка е одличен. Ова смути има сличен вкус кој доаѓа од сусамот, кој покрај неочекуваниот вкус доаѓа и со доза на магнезиум и селен кои се потребни.

 

 

 

 

Блендирајте: 350 мл вода, млеко или јогурт; 2 лажици протеински прав со вкус на ванила; 1 јаболко исечено на коцки; 1 филџан спанаќ; 1 лажица бадеми; 1 лажица мелено ленено семе; 1 лажица семе од сусам; цимет по вкус; мраз по потреба

Содржи: 510 калории, 57 g протеини, 15 g масти, 36 g јаглехидрати, 10 g влакна (пресметка доколку се користи вода како течност наместо млеко или јогурт)

високопротеински2. Исто како да пиете Пинаколада. Шејк полн со протеини, дури 58 грама и одличен вкус.

 

 

 

 

 

Блендирајте: 350 мл вода, млеко или јогурт; 2 лажици протеински прав со вкус на ванила; ½ банана; 1 чаша ананас; 1 филџан спанаќ; 1 лажица мелено ленено семе; 2 лажици незасладени кокосови снегулки; ½ чаша обичен јогурт или веганска алтернатива

Содржи: 525 калории, 58 грама протеини, 12 g масти, 46 g јаглехидрати, 8,5 g влакна (пресметка доколку се користи вода како течност наместо млеко или јогурт)

3. Хранливите состојки во обоените овошја и зеленчук, како цвекло и цреши, се познати по тоа што ги подобруваат спортските перформанси и ги репарираат мускулите.

 

 

 

 

Блендирајте: 1/2 чаша замрзнати цреши; 230 мл вода; 1/2 чаша сечкана сурова цвекло; 1/2 чаша замрзнати јагоди; 1/2 чаша замрзнати боровинки; 1/2 банана; 1 лажица чоколаден протеин од сурутка; 1 лажица мелено ленено семе

Содржи: 329 калории, 28 g протеини, 4 g масти, 52 g јаглехидрати, 11 g растителни влакна