Понекогаш сакаме да додадеме млеко во нашето смути, без разлика дали станува збор за млеко од животинско или растително потекло кое само ќе ја зголеми количината на протеини. Можете да ставите кокосова вода која е полна со електролити. Тоа што е битно да го знаете е дека млекото содржи 8 грама целосни протеини. Што значи дека ги има сите девет есенцијални амино киселини во порција од 1 чаша. Млекото од растително потекло исто така содржи протеини, но само млекото од соја содржи целосни протеини.

1. Јагода и банана, ммммм. Додавањето мелен лен во овој класичен протеински шејк ви обезбедува дополнителни влакна и омега-3 масти кои се здрави за срцето.

 

 

 

 

Блендирајте: 350 мл вода, млеко или јогурт; 2 лажици протеински прав со вкус на ванила или јагода; 1 банана; 1 чаша замрзнати јагоди; 1 филџан спанаќ; 2 лажици мелено ленено семе

Содржи: 490 калории, 55 g протеини, 9 g масти, 47 g јаглехидрати, 11 g влакна (пресметка доколку се користи вода како течност наместо млеко или јогурт)

2. Протеинско задоволство со цреши и чоколадо. Истражувањата наведуваат дека црешите можат да ја ублажат болката по тренингот, што ги прави совршено овошје за шејк за закрепнување.

 

 

 

 

Блендирајте: 350 мл вода, млеко или јогурт; 2 лажици протеински прав со вкус на чоколадо; 2 чаши слатки цреши без семки; 1 филџан спанаќ; 1 лажица ореви; 1 лажица мелено ленено семе; 1 лажица какао

Содржи: 530 калории, 56 g протеини, 13 g масти, 47 g јаглехидрати, 9 g влакна (пресметка доколку се користи вода како течност наместо млеко или јогурт)

3. Ванила и тиква совршена комбинација. Ова можете да го подготвите доколку сте уморни од истите овошја кои ги употребувате за смути. Тиквата е одличен извор на витамин А, кој е добар за вашите очи, кожа и имунолошкиот систем.

 

 

 

Блендирајте: 350 мл вода, млеко или јогурт; 2 лажици протеински прав со вкус на ванила; ¾ чаша пасирана тиква; 1 лажица ореви; 1 лажица мелено ленено семе; ½ чаша овесни снегулки; цимет или ванила за вкус; мраз по потреба

Содржи: 535 калории, 60 g протеини, 13 g масти, 45 g јаглехидрати, 13 g влакна (пресметка доколку се користи вода како течност наместо млеко или јогурт)