Здравјето и одржувањето на витка става бара и внес на соодветна количина на протеини, јаглехидрати, масти и вода. Па затоа продолжуваме со рецептите за високопротеински смути напитоци кои ќе ги задоволат вашите потреби од закуска и ќе ви помогнат во балансираниот внес на хранливи состојки кои и тек како ќе ја зголемат вашата енергија.

Но, пред да почнете да го вчитувате блендерот, има неколку работи што треба да ги имате на ум кога станува збор за состојките. Користете цело овошје и зеленчук како дел од вашата база. Сокот од портокал содржи задоволителни количини на витамин Ц, но тие имаат тенденција да бидат поконцентрирани кога станува збор за шеќерите.

Лиснатиот зеленчук како спанаќот или кељот се едни од најдобрите зеленчуци за смути бидејќи имаат благ вкус и навистина добро се вклопуваат. А згора на тоа и се богати со растителни влакна.

1. Овој шејк е преполн со протеини, влакна, здрави масти, фитонутриенти и пробиотици. Едноставно овој напиток може да биде дури и замена за доручек, ручек или вечера.

 

 

 

Блендирајте: 12 мл вода, 1 филџан спанаќ, 2 чаши замрзнати мешани бобинки (јагоди, боровинки, малини, капини, аронија…), 1/2 чаша обичен јогурт со малку маснотии, 2 лажици протеин од ванила во прав, 1 лажица ореви, 1 лажица мелено ленено семе

Содржи: 500 калории, 57 g протеини, 54 g јаглехидрати, 14 g влакна, 11 g масти

смути2. Овој шејк има вкус на пита со јаболка во чаша, но нема да најдете 58 грама протеини во парче од познатиот десерт туку тука. За овој напиток најдобриот совет е да не ја лупите јаболката, туку да ја оставите кората бидејќи е полна со фитонутриенти.

 

 

Блендирајте: 12 мл вода, млеко или јогурт, 2 лажици протеин со вкус на ванила, 1 јаболко, 1 филџан спанаќ, 2 лажици бадеми, ¼ чаша неварен овес, мраз по потреба, цимет за вкус

Содржи: 535 калории, 58 g протеини, 13 g масти, 46 g јаглехидрати, 9 g влакна

3. Шејк од чоколадо, путер од кикирики и банана. Никогаш не би погодиле дека шолја спанаќ се крие во овој вкусен шејк со чоколадо и путер од кикирики.

 

 

 

Блендирајте: 12 мл вода, млеко или јогурт, 2 лажици протеински прав со вкус на чоколадо, 1 банана, 1 филџан спанаќ, 2 лажици природен путер од кикирики, 1 лажица какао во прав

Содржи: 585 калории, 59 g протеини, 22 g масти, 38 g јаглехидрати, 8 g растителни влакна