Ретка и луксузна колекција скапи шкотски вискија ќе биде наскоро достапна на аукција. Наречена е The Ultimate Whiskey Collection и е највредната селекција направена досега. Нејзината цена се очекува да достигне 5 милиони американски долари.Секое виски во селекцијата е внимателно избрано од специјалист за виски и куратор. 

вискија 2

Колекцијата содржи 109 вискија, а половина од нив се ретки варијации на Macallan, со заедничка вредност од 2.75 милиони долари. Меѓу нив е и Macallan 1926 број 263, кој го има вкупно во 40 шишиња и е познато како светиот грал меѓу љубителите на вискито. 

вискија 1

На аукцијата ќе бидат понудени и минијатурни и ретки верзии на Macallan шишиња со почетна цена од 55 илјади долари. 100 годишно шише Springbank со почетна цена од 175 илјади долари е исто така дел од аукцијата. 

Онлајн надавањето започнува на 24 септември, а аукцијата во живо ќе се одржи во Лондон, на октомври.