Постојат различни видови на вискија. Овие пијалоци се едни од најскапите на пазарот во моментот. Негата, зреењето на оваа килибарна течност и ограничената количина ги прави тешко достапни. Но не е дека неможете да си дозволите едно шише.

John Walker & Sons Bicentenary Blend– вкус стручно создаден со употреба на ретки и исклучителни виски, сите зреени најмалку 28 години. Тука спаѓаат и оние течности од таканаречените „дух“ дестилерии Pittyvaich, Cambus и Port Ellen. Цената на едно вакво шише се движи околу 1000 американски долари.

Bruichladdich Old & Rare 1984– 32 годишно виски кое води потекло од буриња дестилирани во 1984 година. Бурињата мирувале до 2008-та година кога главниот виновник ја идентификувал оваа парцела со „комплексна завршна нота“, а потоа пред флаширање ја ппрефрлил во свежи буриња од бурбон. Јачината на едно шише изнесува 43,7% ABV. Цената на едно вакво шише се движи околу 1000 американски долари.

 

The Singleton 43 Year Old– идентификувано како нова димензија. Сето поради 43-годишната течност која четири месеци одлежала во ве рачно избрани американски дабови фиркини буриња претходно третирани со Мускат. На крајот се добила килибарна течност со 48,4% ABV која има слатки, ароматични дабови вкусови, која ја истакнува својата длабочина и сложеност. Цената на едно вакво шише се движи околу 5,700 американски долари.

 

Royal Salute 62 Guns Salute– именуван по традицијата која ги одбележува најважните кралски годишнини, 62 испукани куршуми од Tower of London. Не е изненадувачки со оглед на тоа што Кралскиот поздрав за првпат бил создаден во 1953 година за да се одбележи крунисувањето на кралицата Елизабета Втора. Ова посебно виски е старо 40 години, со посебен лик кој е презентиран со син декантер со детали од 24 каратно злато. Цената на едно вакво шише виски се движи околу 4,000 американски долари.

 

Highland Park 40 Years Old– од најсеверната дестилерија во Шкотска лоцирана на архипелагот Оркни, ова 40-годишно виски доаѓа од пет буриња кои биле наполнети во 1979 година. Вкусот го заокружува 10-годишното дозревање во американски дабови буриња за шери од 2008. Цената на едно вакво шише виски се движи околу 4,000 американски долари.

 

 

 

 

Glenfarclas 60 Year Old– нешто исклучително од Glenfarclas, кое доаѓа од буре со број 1820, поставено на 2 јуни 1959 година флширано на 8 ноември 2019 година. Ова 60-годишно виски има кутија дизајнирана од Нил Стивенсон, додека шишето е bespoke, од рачно дуван Glencairn кристал. Произведени се само 105 шишиња. Цената на едно вакво шише е околу 22,000 американски долари.

 

 

The Dalmore 45 Years Old– зреен во американски буриња од бел даб, пред да помине пет години во Colheita port буриња. Ова 45-годишно виски со кадифен вкус е произведено во само 500 шишиња. Цената на едно вакво шише виски е околу 12,500 американски долари.

 

 

Johnnie Walker Master’s Ruby Reserve– составен од еден од најдобрите шкотски резерви на Johnnie Walker. Сите мешавини кои се користат за создавање на Master’s Ruby се стари најмалку 40 години со само 398 шишиња достапни на глобално ниво. Тука се вклучени течности од дестилериите Cambus, Carsebridge и Pittyvaich. Сместен во златно-црвен Baccarat кристален декантер, со финиш на спојување на бистриот кристал со 24к златен прав на точно 540 ° C за да се постигне секси златно-црвената завршница. Цената на еден примерок е околу 19,500 американски долари.