Компанијата Virgin Voyages го подготвува за пловидба новиот крузер Scarlet Lady. Врвен брод во кој има салон за тетоважи, теретана на отворено, продавница за плочи а нема да има казина и нема деца.

Само за возрасни, трендовски дизајниран овој крузер има продавница за винил плочи, Voyage Vinyl, која ќе биде презентирана од продуцентот и добитник на Academy, Grammy и Golden Globe наградите Марк Ронсон. На бродот ќе се служи и пиво кое е правено на самиот брод (craft beer).

Virgin Voyages е совршено за кратки, но хедонистички одмори, кој ќе нуди четири и пет дневни крстарења на Карибите. За разлика од конвенционалните крстарења, исто така нема да има главна трпеза, нема одредено време за јадење за луѓето да можат да се релаксираат и да јадат кога сакаат.

Крузерот има за цел да биде „еден од најчистите флоти на море, со забрана за пластика за една употреба“. По убаво поминатата ноќ забавувајќи се во ноќниот клуб Manor, добро утро ќе ви кажат бањите кои ги смируваат сите мамурлаци со своите базени за хидротерапија и кварцни кревети, кои очигледно ќе ви ги преуредат чакрите. Стилски овој крузер го менуваат лицето на модерното крстарење.