Virgil Abloh и Jacob & Co. конечно го лансираа накитот создаден од нивната соработка кој има доста интересно име „Office Supplies” но и доста интересен дизајн, спајалици направени од 18 каратно злато. Колекцијата која е составена од нараквица и обетки има за цел да ги возвиши обичните спајалици на едно друго ниво, па поради тоа тие се достапни само по нарачка изработени од 18-сет каратно бело, жолто или розево злато.

Секоја бразлетна има пар обетки во кои се вметнати блескави дијаманти. Концептот на Abloh како што кажува самиот е доста криптичен и метафоричен, како и адолесцентската идеја за правење бразлетна од спајалици во училиште која одговара на заслепувачката аспирација за создавање на Rocafella синџир.