Вирџил Аблох го разгори пламенот, со објава на пикселизирана слика на неговата веб-страница. На сликата се гледаат седум пикселизирани „фигури“ под кои пишува „ACTUALLY PENDING“. Иако овој пост не е официјална потврда, сепак можно е лансирање на Off-White™ x Nike и Jordan Brand патики.

Според гласините, пикселизираните силуети се чини дека се Off-White™ x Air Jordan 1-Canary Yellow и Futura x Off-White™ x Nike Dunk Lows. Според познавачите и гласините другите потенцијални кандидати се два стила Off-White™ x Nike Air Force 1 кои можеби би се појавиле на изложбата на дизајнерот во ICA Boston и Off-White™ x NikeCourt Flare 2. Познавачите и фановите сеуште дебатираат за седмиот модел.

Објавата на Вирџил вклучува и видео со разговор помеѓу Артур Јафа, американски видео артист и кинематограф, и Вирџил Аблох, упатство за FREE GAME, поврзано со три негови минати проекти и тоа Off-White™ x Nike Rubber Dunk, Off-White™ x Air Jordan 5- Sail и книгата ICONS. Сепак за целиот овој „проект“ ќе треба да очекуваме повеќе информации кога ќе дојде време.