Bad Boys For Life е третиот во низата филмови каде актерите Вил Смит и Мартин Лоренс толкуваат полицајци од Мајами. Нивната задача и овој пат, е даги фатат лошите момци.

Вил Смит

Факт е дека актерите не се подмладуваат и дека тоа донекаде е пресликано и во нивните ликови на големото платно. Но, акцијата продолжува, па тоа што се остарени го толкуваат на комичен начин. Она што може да се забележи во најавата за филмот се многуте експлозии, оружје и лоши момци. Се надеваме дека тоа што ќе го кренат Мајами во воздух по трет пат, нема да нè остави рамнодушни. Премиерата за Bad Boys For Life со Вил Смит и Мартин Лоренс е закажана за 17 јануари 2020.