Ви здодеала рутината за класичен фитнес, или пак, ве боли грбот од играње игрици… Секако играњето игрици знае да биде напорно, но може да се направи и да биде интересно притоа комбинирајќи го со вежбање. Некои играчки конзоли како на пример Nintendo Switch имаат игри кои може да го натераат вашето тело „да мрда“. Добро е што овие игри/вежби се добри за мотивација на луѓе кои неможат да се натераат да вежбаат. Истражувањата споменуваат дека овој вид на вежбање покрај тоа што е интересен, прави дури и да не забележите дека се потите. Еве листа на неколку такви игри.

1. Mario Tennis Aces

За оваа игра најдобро е да се игра со повеќе од еден играч. Mario Tennis Aces е технички RPG игра со приказна каде патувате низ кралството, мавтајќи со вашиот тениски рекет наместо меч.

2. Fitness Boxing

Едноставна игра со цел изострување на ударите во ритам на поп музика. Можете да постигнете забавен тренинг ако имате дополнителен пар на Joy-Cons, кој е совршен за да ви овозможи натпревар со втор играч. Оваа игра воведува и чучнувања (squat) што значи дека не го тренирате само горниот дел на телото.

3. Just Dance 2020

Класиката на која сме навлечени е најдобра. Со толку многу популарни хит-песни за танцување, ова е исто така добра шанса да искористите некои потези за да согорите неколку калории. Во меѓувреме, следете го аватарот на екранот и обидете се да бидете во чекор со него. И секако не заборавајте да го проверите бројачот на калории во игра за да видите колку калории сте изгореле.