Lynetteholm, вештачкиот остров крај брегот на Копенхаген во кој ќе се сместат 35.000 луѓе и ќе се заштити пристаништето на градот од надојдената вода, доби одобрение од Данскиот парламент. Овој проект има површина од 275 хектари и е дизајниран од страна на COWI, Arkitema и Tredje Natur. На овој вештачки остров е предвидено да има објекти за домување како и деловни простори. Lynetteholm ќе го гради развојната компанија By & Havn со употреба на почва од градежни проекти кои се одвиваат во Копенхаген и околината. Вкупно домови за 35.000 луѓе ќе бидат изградени на полуостров што делумно ќе го затвори пристаништето и ќе дејствува како „заштита од клима и бури“. Овој проект кој ќе се гради во наредните 50 години наиде на отпор од страна на еколошките групи најмногу поради транспортот на 80 милиони тони земја низ градот, што резултира со поминување на 350 камиони дневно низ данската престолнина, што дополнително го става на маса прашањето за еколошкиот аспект на проектот.