Медиумската куќа HBO оваа есен ќе го пушти во етерот својот најнов подвиг. Станува збор за документарниот филм Very Ralph, за 79 годишниот дизајнер Ралф Лорен. Во 1968 година го лансираше брендот за машка гардероба Polo, познат ширум целиот свет.

Ralph со сопругатаФилмот ќе го опфати целиот животен век на дизајнерот. Почнувајќи од неговото детство во Бронкс, преку бракот со Рики Ен Лорен долг половина век. Неизоставни се и 6-те декади во модната индустрија. 

Во документарниот филм, освен интервјуто со Лорен, се појавуваат и интервјуа со неговото семејство и најблиските пријатели, меѓу кои и Карл Лагерфелд, Наоми Кембел, Ана Винтур, Келвин Клајн, Хилари Клинтон, Марта Стујард.

 

Режијата и продукцијата на филмот ја потпишува Сузан Лејси. Таа е наградуван автор на два документарни филмови за Џејн Фонда и Стивен Спилберг.

Премиерата на документарниот филм Very Ralph е закажана за 12 ноември.